MIM videos
Не сме изневериле никого од нашите гласачи, затоа што интензивно работиме на зачленување на Македонија во НАТО, вели министерот за одбрана Фатмир Бесими во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Јас како лидер на опозицијата на Албанците не можам да прифатам и не ми дозволуваат тие гласови што ги имам да се ставам под чадор на некој друг лидер, вели лидерот на ДПА, Мендух Тачи во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
СДСМ не може да смета само на протестните гласови и гласањето против Груевски. Се покажа и на претходните парламентарни избори пред една година дека тоа не е доволно. СДСМ мора да понуди и решенија, да понуди и нов квалитет кој во овој момент недостасува во врвните позиции во мојата драга партија СДСМ, вели Владо Бучковски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Во ред е задожување за нови хидроцентрали, автопатишта или за енергетски објекти, а не за жални врби, вели потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески нуту потврдува, ниту негира дека и него може да го зафати „новиот бран“ на ВМРО-ДПМНЕ.
Ситуацијата во Македонија е напната, но не би ја квалификувал како опасна, вели амбасадорот на ОБСЕ во земјава Ралф Брет, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Имавме период на незаинтересираност на политиката за култура и уметност, каде што функциониравме по инерција и период во којшто силно се воспоставија стандардите. И во едниот и во другиот случај, најголема одговорност гледам во луѓето од уметноста и од културата, не во политиката, вели режисерот Александар Поповски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Административиците нема да бидат избркани од работа, дури и да се суфицит во некоја институција, вели министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
Претпоставувам дека ВМРО-ДПМНЕ и нивните штабови проценуваат дека од моја страна доаѓа некаква опасност за нивното владеење. Мене ми е сосема јасно дека ВМРО-ДПМНЕ би биле најсреќни јас да не постојам. Меѓутоа на нивна жалост тука сум со посилен мотив и волја да ја водам оваа политичка битка и ќе мора да се соочат со тоа, вели лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски во неделното интервју на Радио Слободна Европа.
За модерно, ефективно и независно судство треба време, но очекуваме граѓаните да ги препознаат реформите што ги правиме, вели министерот за правда Блерим Беџети во неделното интервју на Радио Слободна Европа.